Филипче: Дневниот капацитет за вакцинирање е 880 лица

25

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека дневниот капацитет за вакцинирање е 880 лица во сите поликлиники во здравствениот дом во Скопје.

Тој додава дека дополнителни 500 ќе бидат во пунктот кај Клиничниот центар во Скопје.

Според него, во другите градови низ Македонија вакцинирањето ќе се спроведува во вакциналните пунктови според праксата за вакцинирање од сезонски грип.