Филипче: Дневно ќе може да се вакцинираат седум до 10 илјади граѓани

4

Ќе може да се вакцинираат седум до десет илјади граѓани дневно, истакна министерот за здравство Венко Филипче зборувајќи за предвидената динамика на процесот на имунизација, во синошеќното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21.

– Динамиката на спроведување е направена така, дека навистина голема количина вакцини ќе стигнат во април и дефинитивно ќе се осигуриме дека процесот на имунизација нема да сопре, кога ќе започне. Нашата проценка е дека дневно може да се вакцинираат 7 и 10 илјади граѓани на територијата на целата држава – кажа Филипче, додавајќи дека очекува до крајот на идниот месец да пристигнат 300 илјади вакцини, односно 200 илјади од Кина, 76 илјади преку системот „Ковакс“ и 25 илјади од ЕУ.