Филипче: Забавите можат да почекаат, но здравјето не

11

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот официјален Фејсбук профил упати апел до граѓаните, новогодишните празници да ги поминат дома.

„Создади ја својата празнична атмосфера во домот и сподели ја со најблиските. Забавите можат да почекаат, но здравјето не“, напиша Филипче.

Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија.

На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа земјава да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија.