Филипче за набавката на кинеските вакцини: Не станува збор за некакви нерегуларности и провизии

5

Сите наши обиди за набавка на вакцини се одвиваат со почитување на два основни приници: внимателност и регуларност, изјави на денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, одоварајќи на текстовите објавени во италијанскиот медиум “Ла Верита” дека наводно Кина го вратила авансот за вакцините на Синофарм, заради некаква фантомска фирма која била користена во процесот.

“Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања кои што овие денови ги имаше во дел од медиумите, дека станува збор за некакви нерегуларни, незаконски постапки, дека станува збор за некакви провизии. Жал ми е дека тоа сето излегува во медиуми кои што се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, нивните сајтови и тоа што излезе во италијанскиот, близок до нив медиум, “Ла Верита” се документи кои што ние навистина ги испративме до многу компании со цел да добиеме што повеќе информации за можностите за набавка на вакцините и во таа смисла и оваа конкретна за 200 000 кинески вакцини од компанијата Синофарм се прави по истите принципи на внимателност” – изјави Филипче.

Тој објасни дека по сите обиди кои биле направени за директен контакт со фабриката ,кои биле неуспешни, била побарана од кинески компании активни во нашата држава како Power China и Synohidro и тоа дало резултат.

За време на тие разговори, бил потпишан и договор а во разговорите се вклучила и нашата амбасада во Кина, која го известила и кинеското министерство за надворешни работи, од каде добиле информација дека тоа не е патот до вакцините, и дека треба да се следи регуларниот пат, тврди Филипче.

“Не станува збор апсолутно за ништо незаконско, ништо нерегуларно, не станува збор за некакви провизии и за било што за кое овие денови не обвинува опозицијата” – вели Филипче.

Во делот за одговорноста на вакцините, Филипче тврди дека преземањето на одговорноста, кое како спорно го опишува “Ла Верита”, е нешто што се важи за разговорите и преговорите со буквално сите компании.