Филипче: Има намалување на новодијагностицирани случаи, но притисокот кај болниците е се уште голем

15

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска пред СЦ „Борис Трајковски“ информираше за вакцинацијата во земјава, но и за состојбата со корона вирусот во Македонија.

„Има намалување на новодијагностицирани случаи. Епидемиолошката крива е во континуиран пад, тоа значи дека мерките ги даваат резултатите. Притисокот е се уште голем кај болниците, но тоа добро се менаџира во сите здравствени установи. Има слободни кревети и во Скопје и во другите градови“, истакна Филипче.