Филипче: Итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени

13

Додека се очекуваат новите измени на Законот за заштита на население од заразни болести, бројот на позитивни и починати лица расте.

Министерот за здравство по денешните рекордни 22 починати лица, изрази и надеж за брзо донесување на новите мерки кои се „заглавени“ во Собрание.

„Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, напиша Венко Филипче – министер за здравство на социјалната мрежа Фејсбук.

Во Собранието треба да се направат измени за да може на сила да стапат мерките:

Задолжително носење на маска на отворено
Дома максимум 4 гости може да дојдат во вашата куќа/стан
Филипче додава дека состојбата со вирусот е сериозна и критична истовремено.