Филипче и Сугарески денеска „ќе го скенираат“ скопскиот аеродром

16

Венко Филипче и Горан Сугарески – министрите за здравство и за транспорт и врски, денеска ќе го посетат скопскиот аеродром во пресрет на најавеното отворање на 1 јули. Двата аеродороми во Македонија не работат од 16, односно 19 март, како дел од мерките за спречување на влез и ширење на ковид-19.

Министрите на Меѓународниот аеродром – Скопје предвидено е да остварат средби со менаџментот на ТАВ Македонија. Посетата на операторот доаѓа по владината одлука двата аеродороми да се отворат за патнички сообраќај в среда.

Истите ќе работат според протоколи со строги правила, меѓу кои и тоа дека патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Од 26 јуни Македонија враќањето во Македонија е безусловно, односно без потреба да се покаже негатоивен ПЦР-тест и да се оди во задолжотелна самоизолација.