Филипче кажа дали ќе има нови мерки по појавата на „омикрон“

19

Здравствените власти засега нема да преземаат нови мерки за заштита од ширење на корона вирусот, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

„Нашиот заклучок е дека остануваме со сегашните мерки. Сѐ уште нема доволно познати информации иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив. Сепак, директорот на американскиот институт за здравство д-р Колинс смета дека и за тоа нема доволно информации. Сметам дека некаква рестрикција во однос на затворање на границите, во однос на карантинизирање на патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија“, рече Филипче.