Филипче: Кај нас нема мутации на вирусот од Англија, но има други

47

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се обрати пред медиумите, и зборуваше за тоа дали кај нас го има новиот вид на корона вирус, како оној во Велика Британија.

„Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија. Но, не се работи за истиот, туку за сосема различен, што е откриен во Србија и во Швајцарија“, истакна Филипче.