Филипче: Комисијата за заразни болести не препорача нови рестриктивни мерки

3

Комисијата за заразни болести не препорача нови рестриктивни мерки, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствениот систем сега е оптоварен со невакцинираните лица и затоа уште еднаш апелирам граѓаните да се вакцинираат. Видовме дека рестрикциите за движење на населението немаа резултат. Од семејните слави, ифтари имавме многу мини бранови и ние како држава тоа не може да го контролираме. Затоа е свеста и совеста на граѓаните многу важна, изјави Филипче.

Министерот за здравство во пресрет на семејните славите упати апел граѓаните да се собираат во помал број или да не ги организираат прославите.

Сега доаѓаат славите ги замолувам граѓаните да не ги организираат прославите, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи, кажа Филипче.

Според податоците од Министерството за здравство, заклучно со 9 ноември против ковид-19 вкупно се вакцинирани 811.226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48.087 граѓани.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.