Филипче: Комплексен е процесот на лекување пациенти заболени од ковид-19

13

Има јасни препораки и тие се во доктрините кога се дава антибиотик, а кога не се дава и матичните лекари имаат навистина искуство во тој дел. Комплексен е процесот на лекување на пациенти заболени од ковид-19. Не се однесува на тоа дали се дава антибиотик или не. Проценка на возраста, ризиците, хроничните болести, претходна терапија, состојба на коагулација на крвта и така натаму, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој потенцираше дека матичните лекари работат согласно своето знаење и експертиза, согласно проценката на пациентите дали треба да се упатат на боличко лекување или не. Болничко лекување, како што рече, на секого му е достапно во кој било временски период.

Околу смртноста кај помладите лица, министерот наведе дека тие имаат повеќе контакти, а делта сојот е полесно пренослив.

– Тие конретни случаи во однос на помладите починати, еден пациент за жал на свое барање заминал од болничко лекување. Тоа се невакцинирани лица. Поголемиот процент од починатите се повозрасни со хронични болести. Ние од оваа болест видовме помлади починати лица и претходно и тоа е навистина една страшна клиничка слика со страшни оштетувања на белите дробови кои што најверојатно потекнуваат од тромбози на ниво на најмалите крвни садови на белите дробови што е во клиничката слика на оваа болест, додаде Филипче.