Филипче: Набавката на вакцини е „војна“, очекуваме 100.000 од КОВАКС

5

Свесен сум дека набавката не оди со посакуваната динамика, но обезбедувањето на вакцини во буквална смислам на зборот е „војна“, побарувачката неколку кратно ја надминува понудата и неизвесноста е голема, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање до каде е набавката на вакцини.

Филипче рече дека продолжуваат преговорите со сите производители за набавка на вакцини, и за руските и за кинеските, и додаде дека за кратко време „треба да профунционира КОВАКС механзимот, преку кој Македонија ќе добие 100.000 вакцини“.

„За набавките, тоа што најмногу се очекува, со оглед на промените и информациите од добавувачите, овој процес може временски да се одолговлече, но до крај овој месец и следниот очекуваме да профункционира КОВАКС системоти ковакс, очекуваме околу 100.000 вакцини. Нашите информации од вчера се дека Фајзер го подига нивото на внимателнсот со сите земји со кои преговара и ќе бара од сите земји посериозни критериуми за безбедност. Денес ќе го добиеме тој документ. И тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите од овој договор“, рече министерот.

Филипче нагласи дека вакцинирањето во Македонија ќе биде со безбедни вакцини.

„Сите вакцини кои ќе влезат во земјава ќе бидат безбедни. Експертски тим тоа ќе го следи. Утре е закажан состанок на ЕМА во кои ќе се анализираат оние случаи кои повторно се заразиле од вирусот. Свесен сум дека набавката не оди по планот. Побарувачката ја надминува понудата. Ние пристапивме сериозно, но има голем притисок врз произвподителите, и дури каде што има директни договори, се доцни со испораката, нема друга причина, тоа е причина зошто се доцни, правиме се што е во наша моќ. Откако ќе се набават брзо и ефикасно ќе ја спроведеме вакцинацијата, дотогаш граѓаните да ги почитуваат сите мерки“, рече Филипче.