Филипче: Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски

6

Министерот за здравство Венко Филипче, уште еднаш упати апел дека треба да се почитуваат мерките и да се носи маска.

„Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели. Затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок! Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни!“, изјави министерот Филипче.