Филипче: Подготвени сме ако има некакво влошување на епидемијата

15

Министерот за здравство, Венко Филипче во вчерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ говореше за евентуално влошување на состојбата со корона вирусот во Северна Македонија.

„Здравствениот систем целосно го подготвивме за евентуалното зголемување на бројот на ковид пациенти во есенскиот период. Подготвени сме ако има некакво влошување на епидемијата да реагираме брзо и секој пациенти да ја добие соодветната, квалитетна, брза, навремена здравствена услуга“, рече Филипче.