Филипче: Полицискиот час не е решение, мора мерките да се почитуваат

38

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека полицискиот час не е решение. Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките.

Во однос на пациентите кои ја загубиле битката со болеста тој истакна дека огромен број од нив имале други хронечни болести.

-Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна доаѓаат во болница, рече министерот Филипче.

На прашањето, што е со шпекулациите дека дел од пациентите кои ја загубиле битката од други болести, но биле заведени од најновата болест , министерот истакна, дека тоа е така, но од самиот почеток доколку пациентот имал позитивен тест, тогаш се запишува дека истиот пациент ја загубил битката од најновата болест.

-Тоа е навистина така, но ние останавме доследни, односно објавување на сите пациенти, кои иако имале сериозна болест, а сепак биле заболени од болеста, истакна Филипче.

Д-р Караџовски истакна, факт е дека здравствениот систем функционира.

Отвораме нови простории, приемни одделенија за земање тестови, така да гужвата на двата пункта ќе ја снема до утре сабајле, рече д-р Жарко Караџовски.

-Тестови има, лаборанти има, дијагноститаката ќе ја прави Институтот за јавно здравје. Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Луѓето грешат сите доаѓаат во 8 часот наутро и затоа се создаваат гужви- рече д-р Караџовски.

–Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати– рече Филипче.

-Обезбедени се повеќе тестови во повеќе институции, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот- рече Филипче.