Филипче: Починатите пациенти се на возраст од 29 до 79 години

31

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека во ковид центарот во Тетово за време на овој страотен настан биле хоспитализирани 26 пациенти, а медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири медицински сестри.

– 12 пациенти кои се евакуирани безбедно од ковид центарот во моментов се хоспитализирани во болницата во Тетово и се во стабилна здравствена состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени ниту починати здравствени работници. На институтот за судска медицина се предадени телата на 14 пациенти за дел од нив е завршена обдукцијата, дел се одвива во текот на целиот ден. Починатите се на возраст од 29 до 79 години, информира Филипче.