Филипче: Прашање е колку долго вирусот може да се задржи во воздухот

33

Маската останува како најдобар одбранбен механизам против корона вирусот. Ова го истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Прашање е вирусот колку долго може да издржи во воздухот, но сепак, маската како надополнување сметаме дека е доволна мерка за заштита. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките. Ни на изборите нема да дозволиме било какво групирање на гласачките места. Свеста кај граѓаните е се поголема и очигледно е дека луѓето се свесни дека ова ќе биде новиот начин за да се функционира“, истакна Филипче.

Со вчерашната бројка од 163 заболени, во Северна Македонија има 7406 дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата.