Филипче: Први ќе пристигнат 200.000 кинески вакцини и со тие го започнуваме процесот на имунизација

42

Не се знае точно кога, но кинеските вакцини ќе бидат приви кои ќе пристигнат во земјава, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека очекува тоа да се случи до крајот на месец февруари.

„Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат киенските вакцини и ние пактично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе започнеме со тие вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме“, изјава министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.