Филипче: Препорака за отворање на казината, теретаните, фитнес центрите…

65

Комисијата за заразни болести до Владата испрати предлог за попуштање на дел од рестриктивните мерки – да се отворат казината и автомат клубовите, јавниот превоз во Тетово, а кон крајот на неделата да се отворат и теретаните и фитнес центрите, со строго почитување на пропишаните протоколи, изјави министерот за здравство Венко Филипче. За измените во режимот за патување во странство, Филипче рече дека разговорите продолжуваат во текот на денот и утре.

Mинистерот изјави дека медицинскиот персонал е веќе преморен, дека се прават ротации и реорганизации и дека системот е во добра кондиција да се справи со епидемијата. Главната помош, истакна Филипче, треба да дојде од граѓаните и строго почитување на пропипшаните мерки.

Филипче уште еднаш кажа дека болничките капацитети не се преполни и дека има слободни капацитети. Најавено е дека од утре и во лабораторијата во болницата во Битола ќе се прават тестирања за коронавирусот.

Повеќе од 87 отсто од дијагностицираните пациенти се на домашно лекување, а само 13 отсто се во болниците.

Анализата на Институтот за јавно здравје за состојбите од 12 до 20 јуни покажа дека главните жаришта се во Скопје и Тетово и околината.