Филипче: Разговараме со земјите од регионот кога да ги отвориме границите без ПЦР тестови

76

Се водат разговори меѓу земјите од регионот да се отворат границите со една изедначена политика, а тоа е да се отворат без ПЦР тестови, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одгвоварајќи на новинарско прашање.

Тој вели дека по однос на ова прашање змјите-членки на ЕУ имаат само препорака, но немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите.

„Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заеднички став“,

рече Филипче кој денеска присуствуваше на кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“.
Тој додава дека комуникацијата со земјите од регионот се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат.