Филипче: Седум лица се тестираат на корона вирус

6

Седум лица во земјава моментално се тестираат на корона вирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Како што кажа тој, 3 од нив се од Дебар, 2 од Штип и 2 од Инфективното одделение.

Тројцата од Дебар имаат симптоми, додека останатите се испитуваат бидејќи биле на пат во Австрија односно Германија.

Минстерот кажа дека првата пациентка заболена од вирусот е пуштена на домашно лекување и оти состојбата на останатите 18 хоспитализирани пациенти е стабилна.