Филипче: Состојбата со епидемијата е стабилна, се подготвуваме за полоши сценарија на есен

5

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека состојбата со епидемијата е стабилна, а бројките покажувале намалување на заразените и на смртните случаи од Ковид-19.

-Во однос на болничките капацитети значително е намален капацитетот на хоспитализации на заразени пациенти, рече Филипче.

Сепак тој нагласи дека се подготвуваат за полоши сценарија за на есен.

-Интензивно се подготвуваме за есенските месеци. Ситуацијата може да се комплицира, бидејќи тоа е период кога се јавува сезонскиот грип. Се поставуваат и 16 мини инфективни одделенија или ковид центри во другите градови, рече Филипче, нагласувајќи дека треба да се почитуваат мерките за заштита.

Тој додаде дека од септември се враќа нормалното функционирање на болниците, поради што во функција се враќа и Мој термин.