Филипче ќе ја разреши директорката на кожната клиника, откако се консултирал со антикорупциска

55

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја разреши директорката на кожната клиника, која не ги почитуваше неговите препораки. Оваа одлука ја донел откако се консултирал со антикорупциската комисија .

Дека нема пречки за нејзино разрешување за телма потврди и претседателката на антикорупциска. Според Билјана Ивановска, настанот воопшто не е поврзан со изборите, туку со несовесното постапување на функционер избран од граѓаните.

Членот 34 од законот за спречување корупција пропишува забрани за почнување на постапки за вработување или престанок на работен однос во време на распишани избори. Но никаде не е забрането да се разрешуваат функционери, кои не би го изгубиле работното место туку само функцијата. Денеска реагираа од лекарската комора од каде велат дека за сега ќе следува само опомена за докторката Нина Цаца Биљановска.

За обвинителството е рано да отвори случај за докторката која се вратила од скијање во Италија, и не пријавила а плус викендов била и на симпозиум на кој присуствувале стотина доктори. Вчера и беше дијагностициран коронавирусот но за сега и за обвинителството не е познато дали таа го пренела вирусот.

Лицата со кои имала контакт докторката се во карантин и се уште не е познато дали таа кај нив предизвикала пренесување на заразната болест, што е битна околност за кривично-правно постапување. Од друга страна, и самата докторка е во карантин и во овој момент не може да се утврди дали во конкретниот случај постапувала умислено или од небрежност, соопштија од Основно јавно обвинитеслтво
Инаку, во моментов Биљановска се наоѓа на инфективното одделение, додека повеќе од 200 луѓе кои имале контакт со неа се ставени во домашна изолација. Лекарската комора пак ги повика сите доктори да го почитуваат кодексот.