Филијали на неколку банки во Сараево добиле дојави за поставени бомби

3

Сараевската полиција добила дојави за поставени бомби во канцеларии на филијали на неколку банки во Сараево. Припадници на полицијата во моментов се на терен и вршат истрага.

– Полицијата на Кантонот Сараево утринава била известена дека неколку деловни единици на одредени банки на подрачјето на Кантонот Сараево добиле по електронска пошта дојава за наводно поставена бомба, а во врска со тоа се преземени мерки и дејствија, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ.

За дојавите е информиран дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево.