Финалето на Лигата на шампионите преместено од Русија во Париз

20

Санкт Петербург ја изгуби организацијата на финалето на Лигата на шампионите поради руската инвазија на Украина. УЕФА соопшти дека мечот ќе се игра на стадионот „Стад де Франс“ во Париз во предвидениот термин 28 мај.

На вонредниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА беше решено руските и украинските клубови и репрезентации да ги играат своите меѓународни мечеви на неутрален терен.

Русија и Украина ќе бидат дел од претстојниот плеј-оф за пласман на Светското првенство во Катар. Полска, Шведска и Чешка, кои се дел од Б групата, вчера им порачаа на УЕФА и ФИФА дека нема да играат во Русија.