ФИФА со јасна порака: Или сте со нас или ќе се соочите со последиците!

12

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино јасно го истакна своето спротивставување на формирањето на Суперлигата и рече дека секој што ќе одлучи да биде дел од тоа натпреварување ќе сноси последици.

Првиот човек на светскиот фудбал дава целосна поддршка на УЕФА во борбата против основачите на Суперлигата.

– Сакав да ви зборувам денеска за ковид протоколите, за враќањето на фудбалот, за нашите деца и потребата да играме спорт во безбедни услови. Сакав да зборувам за местењето на натпреварите, нешто на што треба да застанеме на патот. Сакав да ви зборувам за напредокот на Катар во организацијата на Светското првенство, за подготовките на Мундијалот за жени..Но, последните два дена променија сè. Важна е само една тема.

Читаме за војна и криминал. Тешки зборови… Уште потешки кога е во прашање фудбалот. Зборувам за проект „Суперлига“. Да бидам исклучително јасен. ФИФА е организација заснована на јасни принципи, во ФИФА можеме само јасно и силно да го оспориме воспоставувањето Суперлига, затворена приватна лига која е отуѓена од лигите, УЕФА и ФИФА, пред сè. Тоа е креација која ФИФА не може да ја поддржи – рече Инфантино на Конгресот на УЕФА.

Следеше јасна порака за клубовите кои решија да се отцепат од натпреварувањето на УЕФА и да формираат своја лига.

– Доколку некои одлучат да одат по свој пат, ќе мора да се соочат со последиците. Ќе биде одговорен за неговиот избор. Поточно – вие сте или со нас или сте сами. Не можете да бидете малку таму, малку тука. Тоа мора да биде јасно. Како и УЕФА, ФИФА е организација каде што секој може да ги искаже своите идеи кои секогаш ќе бидат слушани. Но, институциите, лигите и натпреварувањата секогаш мора да се почитуваат.

Луѓето мораат да се прашуваат. Да се ​​размислува за сопствениците на клубовите, но и за луѓето, навивачите, сите оние кои придонесоа клубовите да бидат тоа што се денес. Луѓето го градат фудбалот со својата страст веќе еден век. Мојата работа како претседател на ФИФА е да заштитувам фудбал, клубови, лиги, репрезентации со цел фудбалот да опстане – додаде Инфантино.