Фламенго е првиот финалист на светското клупско првенство

9

Најдобриот тим во Јужна Америка и актуелен бразилски шампион, Фламенго е првиот финалист на светското клупско првенство кое се одржува во Катар.

Овој состав вечерва не дозволи изненадување и славеше над Ал Хилал од Саудиска Арабија со 3-1. Првиот дел изненадувачки им припадна на „гостите“ со погодокот на Ал Давсари, меѓутоа во продолжението работите си дојдоа на свое место.

Веќе во 49 резултатот беше 1-1, а за тоа се погрижи Араскаета. Со ова се најави пресвртот кој се случи во завршицата и тоа преку Енрике и Албулахи (автогол) кои ја затресоа мрежата на Ал Хилал во 78 и 82 минута.

Фламенго во борбата за титулата ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Ливерпул и Монтереј, средба закажана за утре од 18:30 часот.