Фон дер Лајен: Достигната е целта од 70 посто вакцинирани возрасни лица во Европската унија

6

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот објави дека е постигната целта од 70 отсто вакцинирани возрасни лица во Европската унија и ги покани сите кои имаат можност да се вакцинираат заради заштита на сопственото здравје и заштитата на другите.

„Наша цел беше да заштитиме 70 отсто од возрасните во Европската унија во јули со најмалку една доза. Денес ја постигнавме оваа цел, а 57 отсто од возрасните се целосно вакцинирани“, изјави претседателката на Комисијата.

Фон дер Лајен истакна дека треба да се продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

„Делта варијантата е многу опасна. Затоа, ги повикувам сите што имаат можност да се вакцинираат. За сопственото здравје и за заштитата на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволна количина на вакцини.