Фон дер Лајен и вети на Украина поддршка од ЕУ во „херојската борба“

2

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади.

– Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша таа на Твитер.

– Ја поддржуваме вашата херојска борба. Борба за слобода и против бруталната агресија, нагласи Фон дер Лајен.

Како што пренесе ДПА, та информира дека ЕУ обезбедува генератори, светилки, засолништа и училишни автобуси оваа зима и наскоро ќе започне да го исплаќа својот пакет за поддршка од 18 милијарди евра во месечни транши.

Фон дер Лајен, исто така, навести дека можеби наскоро повторно ќе отпатува во Украина.

– Со нетрпение очекувам да се сретнам повторно со Вас наскоро во Украина, изјави таа.