Фон дер Лајен ја презема функцијата претседател на ЕК

9

Поранешната германска министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен ја презема функцијата претседател на Европската комисија. Чарлс Мишел кој ја презема функцијата претседател на Европскиот совет изјави дека време е европскиот блок да стане посамоуврен, посигурен и поискрен на глобалната сцена, вклучувајќи го развојот на одбраната и безбедносните структури.

Фон дер Лајен порача дека сака ЕУ да игра поактивна улога на меѓународно ниво. Фон дер Лајен го наследи Жан Клод Јункер, а Мишел доаѓа на местото на Доналд Туск.