ФОТО+ВИДЕО: Изгоре модуларната болница во Тетово, има и жртви

58

Во пожарот кој избувна околу 21 часот, според она што може да се види на терен, целосно изгоре модуларната болница во Тетово која е дел од ковид-центарот.

Во пожарот има и жртви, потврди Министерството за здравство, но точниот број на загинати се уште се утврдува.

Дополнително се очекуваат и информации за повредените и во каква состојба се во моментов.

Пожарот е веќе изгаснат, а повредените се транспортираат во Скопје.

На терен е и министерот за здравство, Венко Филипче, а таму е и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која во кратката изјава рече дека исто така нема информации за жртви и повредени. Нејзините информации, рече таа, се дека пожарот избувнал многу бргу.

ФОТО + ВИДЕО: 360 СТЕПЕНИ