ФОТО: Вклучен авион во потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

12

Потрагата по 31-годишното момче од Македонија, Мартин Јовановски продолжува и денеска. Веќе 14 ден се бара момчето кое го однесоа силните струи на Егејското море.

ОФКАТ објави дека во потрагата бил вклучен и авион.

„Во соработка со аероклуб во Солун, на кој посебно му се заблагодарувам, ќе се пребарува Егејот со двојни летови“, објавија ОФКАТ.

Пред два дена беа пронајдени машки шорцеви на плажата Катерини кои наликуваат на тие што Мартин ги носел на денот кога исчезнал.