ФОТО | Внукот ќе го носи неговото име: Поранешниот претседател Ѓорге Иванов си доби имењак

9

Иван, синот на поранешниот претседател и неговата сопруга Јана во понеделникот добија принова. Тие го пречекаа нивниот прв син, кој е причина за големa радост во семејствата Иванов и Кочов.

Музичарот Владимир Четкар на „Instagram Story“ сподели фотографија од друштво, меѓу кои и новопечениот татко Иван Иванов. Очигледно е дека атмосферата е весела, а пријтелите се радуваат и наздравуваат.

„За многу години денов! Да е здрав и жив Ѓорѓи Иванов Јуниор“, напиша Четкар на фотографијата откривајќи ни го името на новороденчето.

За потсетување Иван Иванов се ожени со прекрасната Јана пред месец дена, откако во октомври минатата година се верија. Иван во многу наврати зборувал колку е заљубен во неговата сопруга и мајка на неговото дете.