ФОТО: Водителка интервјуира талибанец

29

Утрово беа објавени фотографии од водителка во авганистанска телевијзија која интервјуира талибанец, пренесува Тољоњуз.

Жените и претходно ги воделе вестите, но во главно тие беа тргнати од телевизиските екрани откако Талибанците ја преземаа контролата во Кабул. Во идеологијата на Талибанците, жените практично немаат никакви права, а со нивното доаѓање во Кабул, тие дури почнаа да ги бојат ѕидовите и постерите на кои имало женски ликови.


Но, утрово беа објавени фотографии од водителката на Тољоњуз, која интервјуирала талибанец.

„Продолжуваме со нашата програма која ја водат водителките“ напиша на Твитер Мирак Попал, шефот на Тољоњуз.