(ФОТО) Данела Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција

4

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на државата.

Од тимот на Арсовска најавија дека во следните денови новата градоначалничка на Скопје ќе и се обрати на јавноста преку новинарите.

– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече досегашниот градоначалник Петре Шилегов.

На локалните избори 2021, Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред Шилегов.