ФОТО: Заев гласаше за негов наследник на внатрепартиските избори во СДСМ

26

Зоран Заев денеска гласаше за негов наследник на внатрепартиските избори во неговата партија СДСМ.

Тој своето право на гласаше го оствари во општинскиот штаб во Струмица.

За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.