(ФОТО) Испрскани со црвен спреј новите табли на мостот „Око“

23

Синоќа новопоставените табли на статуите од мосотот „Око“ во Скопје се испрскани со црвен спреј.
Изминатите денови беа поставени знаци со дообјаснување дека личностите кои имаат свои монументи на мостот се дел од „хеленистичка историја“.

Објаснувањето на метални плочи пред спомениците е дел од обврската преземена од Македонија со Договорот од Преспа,

Одлуката на властите предизвика бурни реакции кај дел од граѓаните на социјалните мрежи.