ФОТО : Лавчињата од денеска може да ги видат сите посетители на Скопје ЗОО

0

Трите лавчиња од денеска ќе бидат најголемата атракција за сите посетители на Зоолошката градина во Скопје. Тие за прв пат заедно со мајката се во своето живеалиште и сите што ќе ја посетат Скопје ЗОО може да ги видат.

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите женски лавчиња.

Граѓаните предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина.

Предлози може да се напишат и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје.