ФОТО | Мачни детали од судницата: Отсечениот прст на Џони Деп го пронашле на подот, лицето му било со модринки

37

За време на вчерашното судење во случајот со тужбата поднесена од Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, приватниот лекар и медицинската сестра на Деп сведочеа за повредата што актерот ја здобил во изнајмена куќа во Австралија, каде што го снимал петтиот филм од франшизата „Пирати од Карибите“ во март 2015 година.

Д-р Дејвид Кипер на видеото сведочел дека влегол во куќата и ја нашол Херд, која ја опишал како „видливо вознемирена“, но без никакви видливи повреди. Тој рекол дека готвачот го пронашол отсечениот врв на прстот на Деп на подот во кујната, по што лекарот му пружил брза помош.

Според сведочењето на Кипер, актерот на пат кон болницата им рекол на лекарите дека го пресекол прстот со нож. На суд е речено дека Кипер во своите белешки не го спомнал шишето што било фрлено врз Деп.

Деби Лојд, медицинската сестра на Деп, која работи со пациенти кои страдаат од зависности, рекла дека слушнала спротивставени тврдења за тоа како дошло до повредата. Меѓу нив е и тоа дека го удрил со рака телефонот и дека Херд „му фрлила шише вотка врз него“. Лојд не можела да се сети кој ѝ го рекол тоа, но рекла дека куќата била во неред кога пристигнала.

Врвот на прстот го побарала на „приземјето“ кое го опишала како соба за забава со маса за билјард. Таа рекла дека не го нашла делот од прстот, но го нашла човекот по име Бен, за кого рекла дека можеби бил управител на куќата.

Деп имал нечистотија на рацете, рекла Лојд, но таа не се сеќава дека видела парчиња стакло во куќата. Таа го придружувала Деп до болница со Кипер. И Лојд и Кипер рекле дека никогаш не го виделе Деп да биде насилен кон Херд и дека никогаш не ги виделе повредите на актерката.

Шон Бет, телохранителот на Деп, исто така рекол дека никогаш не видел дека Деп е насилен кон Херд.

„Тој е многу симпатичен, без разлика дали пие или не“, рекол тој. Бет опишал дека Деп и Херд се однесувале како „средношколска двојка“ на почетокот на нивната врска, но набрзо почнале редовно да се расправаат. Тој рекол дека бил сведок како Херд фрлала „шише вода или шолја кафе“ кон Деп. Бет исто така рекол дека видел повреди кај Деп, вклучително и отечена јаболчница во март 2015 година.

 

На суд била покажана фотографија на која се гледаат модринки на лицето на Деп, кои Бет ги зел „како доказ во случај г-ѓа Херд да се обиде да покрене обвинение против Деп“. Друга фотографија, направена од Бет околу декември 2015 година, покажува гребнатини на лицето на Деп.