ФОТО: МВР фати дрога во вредност од 800 илјади евра, во тек голема акција!

300

Во тек е голема полициска акција во која запленета е дрога чија вредност надминува 800 илјади евра.

На терен се голем број на полициски сили, а блокиран е и патниот правец каде што се фатени дилерите.

Акцијата се спроведува во соработка со американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.

Приведен е висок полициски служебник кој директно бил вклучен во акцијата како што дознава ТВ21.

„Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот“, пишува Спасовски на Фејсбук.