ФОТО: Нојер е неверојатен – има подобра статистика од кој било фудбалер на Севиља

16

Кога е најпотребно, Мануел Нојер секогаш е тука да ја спушти „ролетната“ од својот гол и по кој знае кој пат да биде клучна фигура на својот тим. Баерн Минхен синоќа го освои трофејот од Суперкупот на УЕФА, откако со минимални 2-1 славеше над Севиља.

Но, да не беше искусниот голман и неговата монструозна интервенција во 87. минута, тешко веројатно дека трофејот ќе завршеше во Минхен.

Без разлика на своите голмански квалитети, кои синоќа ги прикажа на „Пушкаш Арена“, Нојер зад себе остави статистика за која им завидува секој фудбалер на Севиља.

Тој имаше дури 52 точни пасови, повеќе од кој било играч од шпанскиот тим, затоа што ниту еден фудбалер на Севиља не надминал 36 додавања. Исто така, запиша и 75 допири со топката, само седум помалку од Навас, кој беше единствениот фудбалер на противничкиот тим, кој повеќе ја допрел топката од него.