ФОТО | Почина Џулија Хенеси Кајуела: Дали оваа инфлуенсерка си ја предвиде смртта?

28

Инфлуенсерка од Бразил загинала во сообраќајна несреќа само неколку часа откако објавила „Животот е краток, да бидеме луди – Јас, ти, Бог и патот!“, пренесува „Daily Mail“.

Џулија Хенеси Кајуела (22) во четвртокот била на патување со мотор со нејзиниот сопруг Даниел Кајуела кога доживеала сообраќајна несреќа додека се возела по патот „BR-277“ во јужен Бразил. Даниел бил сериозно повреден во несреќата и бил сè уште на интензивна нега. Полицијата се сомневала дека камион преминувал на патот кога парот се забил во страната на истиот.

На последната објава на „Инстаграм“ споделена со нејзините 329.000 следбеници само неколку часа пред кобната несреќа, Јулија позирала со Даниел пред знакот за Капао Бонито. Во објавата има напишано „Животот е краток, да бидеме луди – Јас, ти, Бог и патот! И твоите соништа се мои @danielcayuela“, означувајќи го нејзиниот сопруг.

По несреќата, Јулија била пренесена во болница во критична состојба, пред да умре на интензивна нега кратко потоа. Даниел останал на интензивна нега.

Локалните медиуми сугерираат дека тој допрва треба да биде известен за смртта на неговата сопруга, пишувајќи дека неговото семејство „ја овластило болницата да го извести само дека е хоспитализиран за потребното лекување“.