Фото: Претседателот на САД, Доналд Трамп, се врати во Белата куќа по три ноќи престој во болница

14

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во свој стил театрално се врати во Белата куќа по триноќешниот престој во болница.

Откако изнесе за јавноста дека е позитивен на ковид-19, со хеликоптер беше пренесен во воената болница Валтер Рид, а на истиот начин по само три ноќи минати во болница се врати во Белата куќа, а сетоа тоа беше забележано со камера.

Претседателот Трамп сними и видео порака до американскиот народ, во кој ги повикува да се вратат на работата од балконот во Белата куќа. Инаку неколку вработени и соработници се позитивни на вирусот во последните неколку дена.

Новиот работен простор на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа ќе биде привремена канцеларија што се наоѓа на нивото на подрумот, во непосредна близина на болничкото крило во Белата куќа, пренесува „СНН“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Новата привремена канцеларија ќе биде поставена за лекарите и медицинската опрема да бидат во близина во случај на потреба.