ФОТО: Сателитски снимки од уништувањето на руската база на Крим

0

Руската воздушна база на полуостровот Крим, која Москва ја анектираше од Украина во 2014 година, беше тешко оштетена во експлозиите на 9 август, покажаа сателитски снимки кои беа објавени синоќа, пишува „Гардијан“.

Воздухопловната база Саки на руската морнарица во близина на селото Новофедоривка загубила најмалку девет воени авиони, вклучувајќи ловци СУ-30СМ и бомбардери СУ-24М, објави „Радио Слободна Европа“.

Уништени се и неколку згради во базата во кои можеби имало муниција.

Русија ја користи воздухопловната база Саки, лоцирана на западната страна на Крим, за редовни напади на украинска територија откако ја започна својата инвазија на земјата на 24 февруари.

Не е позната точната причина за експлозиите на 9 август.