ФОТО: Се фалеше дека е најдобар играч за врска во Премиер лигата, а сега е уапсен

2

Фудбалерот на Брајтон, Ив Бисума уапсен под сомнение за сексуален напад/Фото: EPA-
Пред само една-две недели, фудбалерот на Брајтон, Ив Бисума го привлече вниманието во Англија велејќи дека е најдобриот играч за врска во Премиер лигата.

Но, интернационалецот од Мали си дозволи да биде уапсен и снимен во јавност на почетокот на неговата кариера. Тој во средата вечерта беше на студентска забава во ноќен клуб во Брајтон, каде беше осомничен и уапсен под сомнение за сексуален напад.

Британскиот „Сан“ објави слики од Бисума за време на апсењето, со изјава на еден од сведоците.

– Клубот беше полн со студенти и сите беа шокирани кога го видоа таму. А уште поголем шок беше кога го видовме со лисици – рекол еден од сведоците.

Бисума беше во друштво на 40-годишен пријател во клубот и двајцата беа приведени и задржани на сослушување.

Брајтон ја информираше јавноста околу ситуацијата со Бисума:

– Еден од нашите играчи во моментов соработува со полицијата во врска со истрагата за наводниот прекршок. Клубот не може да коментира никакви детали – официјално објави Брајтон.

Во минатото фудбалерот од средниот ред беше желба на врвни клубови како Манчестер јунајтед, Арсенал и Ливерпул, кои беа подготвени подготвени да платат 40 милиони евра за неговите услуги.