Франција бара помош од пензионирани лекари и од студенти за лекување на заболените од коронавирус

7

Франција ги забранува сите настани со повеќе од 1.000 луѓе за да спречи ширење на коронавирусот, а исто така ќе ги регрутира и неодамна пензионираните лекари и студенти по медицина, поради зголемениот број на инфицирани со вирусот.

Во Франција досега се откриени 1.126 случаи на инфекција со коронавирус, што е втор најголем број случаи во Европа по Италија. Досега 19 луѓе починале од ковид-19 во Франција.

Министерот за здравство, Оливие Веран, рече дека протестите, испитите и јавниот превоз веројатно ќе бидат ослободени од забраната, бидејќи тие се „корисни за животот на земјата“.

„Следните недели ќе бидат тешки“, рече Веран, откако претседателот Емануел Макрон одржа итен состанок за изготвување стратегија за борба против вирусот. Тој, исто така, предложи да се откажат општински избори во целата земја, закажани за една недела.