Францускиот претседател Макрон денеска во Бејрут

22

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе замине за Бејрут и ќе се сретне со политичките личности на земјата, по експлозијата што ја разори либанската престолнина, соопшти неговиот кабинет. Макрон, кој разговараше со либанскиот претседател Мишел Аун, непосредно по експлозијата, веќе нареди француска итна помош да биде испратена во Либан, земја со длабоки историски врски со Франција.

Од двете разорни експлозии што завчера го потресоа централниот дел на Бејрут, загинаа над 135 луѓе, а над 5.000 илјади се повредени. Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека експлодирале 2.750 тони земјоделско ѓубриво, амониум нитрат што со години се чувало во складиште во пристаништето, предизвикувајќи „целосна катастрофа“.