Француски министер: Подготвуваме европско ембарго за руската нафта

1

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека се подготвува ембарго на руската нафта на ниво на ЕУ, додавајќи дека и францускиот претседател Емануел Макрон го сака овој потег.

„Се надевам дека во наредните недели ќе ги убедиме нашите европски партнери да престанат да увезуваат руска нафта“, изјави Ле Мер за Радио Европа 1.