Француското вето и изборите ги фрлаат реформите во втор план

51

Реализацијата на реформите кои и го отвораат патот за членство на земјата во Европската унија не треба да се запираат во ниту еден момент и дека треба да се сфатат како позитивен чекор, со цел земјата да докаже дека е ангажирана,како на надворешен, така и на внатрешен план, оценуваат експертите за европски прашања, зборувајќи за евро-интегративниот процес на земјата

Дестан ЈОНУЗИ

Застојот во евро-интегративниот процес во никој случај не треба да го прекинува процесот на реформите, оценуваат експертите за прашањата поврзани со интеграцијата, зборувајќи за политичката актуелност во земјава, после не одредувањето на датумот за започнување на разговорите со Европската унија (ЕУ). Зорица Стрезоска, координатор во организацијата “Евро-Тинк” и експерт за европски прашања, вели дека Северна Македонија и покрај тоа што не добила датум за започнување на разговорите со ЕУ, секако треба да продолжи со реформите

„Тоа е една од препораките на ЕУ дадена отворено после сето што се случи. Треба да продолжиме напред со спроведувањето на реформите, со што ќе покажеме дека сме ангажирани и подготвени за нив, не само на надворешен, туку и на внатрешен план. Во никој случај не треба да се откажуваме од евро-атлантскиот пат, напротив, треба да ја приближиме земјата по блиску до моментот на започнувањето на преговорите за членство во ЕУ “, изјави Стрезоска за весникот КОХА. Таа истакнува дека датумот ќе се случи, а во меѓувреме треба да продолжиме со реализација на реформите, бидејќи реформите се важни за функционирање на државата и за создавање на „здрав“ систем, пред се за нас, но и за европската интеграција.

„Реформите треба да ги разбереме како позитивен чекор со цел да го сториме најдоброто за земјата“, подвлече таа.

Од друга страна, аналитичарот, Ерол Ризаов, оценува дека одлуката земјата да оди на предвремени избори е одлука што ќе влијае во спроведувањето на реформите кои се во тек и на тие што треба да се реализираат.

„Одлуката за предвремени избори ми се чини како забрзана и емотивна, иако, според тие што ја пласирале оваа идеја, оваа одлука е предизвик после дебаклот со не утврдувањето на датумот за почеток на разговорите. Од независноста на Македонија и наваму, речиси секоја година сме имале изборни циклуси. Секоја година ние гласаме за нешто и тоа го оневозможува развојот на реформите онака како што треба да се одвиваат “, изјави Ризаов за весникот КОХА.

Според него, политичките елити не се прагматични и дека спроведувањето на слободни и демократски избори, било кога да се одржуваат, ќе бидат уште еден плус услов за отворањето на разговорите на Македонија за пристапување во ЕУ. Инаку, меѓу другото, одредувањето датум за почеток на разговорите на Македонија со ЕУ се условува и со донесувањето на Закон за јавно обвинителство, односно инкорпорирањето на Специјалното јавно обвинителство во јавно. Меѓутоа, Македонија заостанува и во реформите во медиумите, изборната реформа и друго.