Француското обвинителство покрена формална истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

14

 

Француското обвинителство покрена формална истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз.

Покренувањето формална истрага значи дека постојат сериозни или конзистентни докази кои укажуваат на вмешаност на осомничениот во кривично дело, пренесува Ројтерс.

Обвинителството во соопштението наведува дека мотивот за нападот најверојатно бил од расистичка природа, додека претставниците на Курдите бараат нападот да се прогласи за терористички чин. Тие повикаа и на мирен протест попладнево на местото на убиствата.

Мажот (69), чие име не го соопшти полицијата, беше уапсен во петокот откако двајца мажи и една жена беа застрелани во курдски културен центар и блиско курдско кафуле во прометниот централен 10-ти кварт во Париз.